2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропскиот суд го отфрли приговорот на Лондон за лимитираните бонуси

Европскиот суд го отфрли приговорот на Лондон за лимитираните бонуси

Untitled

Европскиот суд на правдата, со седиште во Луксембург, го отфрли денеска приговорот на Велика Британија за воведениот лимит за банкарските бонуси, што го определи ЕУ.

Според британската верзија за определување на лимитите на бонусите, банкарите за својата „екстра“ работа може да добијат бонус до 100 отсто од нивната плата или до 200 проценти од одобрените акции за акционерите.

Генералниот застапник на Судот во Луксембург, Нило Јааскинен меѓутоа оцени дека нема основа за британскиот приговор и реши дека прописите што ги донесе ЕУ се единствено валидни.

Лимитирањето на бонусите е определено за да се спречат банкарите да се впуштаат во премногу ризични и финансиски опасни инвестиции и трансакции, само за да може да добијат повеќе и поголем бонус.

Ваквото решение е донесено по избувнувањето на банкарската и финансиската криза во есента 2008 година, кога низа европски банки се најдоа на работ од колапс, поради ризичните инвестициони потфати.

Поголемиот дел од европските политичари и ЕУ проценија дека кризата ја предизвикала „банкарската лакомост“ и за тоа ја обвинија културата за делење бонуси.

Владата во Лондон, која настојува да на ја повреди работата на финансискиот центар Сити, затоа што тоа го прави британскиот главен град светски финансиски центар, се одлучи на своја верзија за лимитирање на бонусите, по силниот притисок од домашната политичка јавност.

Британските аргументи против прописите на ЕУ се дека тие не гарантираат постигнување на основните цели за кои се воведени ограничувањата за банкарските бонуси, како и дека поради нив „постои ризик“ банкарите да заминат на работа надвор од Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП