7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов удар за еврозоната

Нов удар за еврозоната

evrozonata559

Производната активност во еврозоната во ноември се намали на 16-месечен минимум поради падот на новите нарачки.

Тоа го зголемува притисокот врз законодавците да воведат дополнителни мерки за придвижување на економијата.

Индексот за управување со набавките (ПМИ) за производниот сектор на еврозоната, кој го изработува лондонската компанија Маркит, се намали во ноември на 51,4 поени од октомвриските 52,1 поени, пренесува агенцијата Франс прес.

Податоците над 50 поени укажуваат на зајакнување на секторските активности, а оние под 50 поени на нивно слабеење.

„Падот на ПМИ во еврозоната на 16-месечен минимум го зголемува ризикот од повторен пад на тој блок во рецесија. Законодавците без сомневање ќе бидат разочарани со овие вести, кои ќе го зголемат притисокот врз Европската централна банка да преземе дополнителни акции за придвижување на економскиот раст“, изјави шефот на Маркит, Крис Вилијамсон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП