8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДобрата страна на јапонскиот пад

Добрата страна на јапонскиот пад

japonija15

Трговскиот дефицит на Јапонија во октомври е значително намален, бидејќи слабиот јен го поттикна извозот, додека ниските цени на нафтата ги намалија огромните енергетски трошоци на Јапонија.

Извозот на Јапонија во октомври порасна за речиси девет проценти, благодарение на поголема испорака на автомобили, бродови и челик, додека увозот се зголеми за 2,7 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

Благодарение на тие податоци, трговскиот дефицит на Јапонија претходниот месец е намален на 709,9 милијарди јени (шест милијарди долари) односно за 36 проценти во однос на дефицитот од 1.100,4 милијарди јени од истиот период минатата година, се наведува во соопштението на јапонското министерство за финансии.

Како што велат, обемот на испораките во Кина пораснал за 7,2 проценти, додека извозот во Северна Америка се зголемил за 8,5 проценти, а во Европската унија за 5,4 проценти.

Енергетските трошоци на Јапонија во последните неколку години се значително зголемени, бидејќи таа земја настојува да го надокнади недостатокот на енергија по нуклеарната катастрофа од Фукушима во 2011 година која ја принуди Јапонија да ги затвори нуклеарните реактори кои обезбедуваа повеќе од една четвртина електрична енергија.

Најновите податоци , според оценките на Франс прес, се единствената светла точка во низата тмурни податоци поврзани за јапонската економија која во третиот квартал падна во рецесија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП