20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVW ќе ги проширува производните капацитети во Кина

VW ќе ги проширува производните капацитети во Кина

FAW+Volkswagen+Opens+Fourth+Plant+Foshan+y4S1p0av4BMl

Германскиот производител на автомобили „Volkswagen“ ќе ги прошири производните капацитети во Кина за многу повеќе отколку што претходно планираше, објави агенцијата „Blооmberg“.

Производните капацитети на „Volkswagen“ му овозможија да произведе повеќе од 3.1 милиони автомобили годишно, а компанијата планира до 2018-та година да го зголеми производството на четири милиони возила годишно.

Шефот на кинеското одделение на „Volkswagen“, Јоаким Хајзман рече дека темпото на раст нa продажбата во Кина е забавен во последните месеци поради недоволниот обем за производство во оваа земја и затоа капацитетите на „Volkswagen“ ќе бидат проширени повеќе отколку што беше претходно планирано.

„Тоа очигледно е поради недоволно достапните капацитети. Фабриките на „Volkswagen“ во Кина работат повеќе од 300 денови годишно“, потенцираше Хајзман.

Volkswagen“ е најголемиот странски производител во Кина, каде, покрај  брендот „Volkswagen“, се произведуваат и марките на возила „Аudi“ и „Ѕkoda“, заедно со кинеските парнери „FAW Car“ и „SAIC Мotor“.

Компанијата планира да отвори фабрика во кинескиот град Чаншу, а претходно во овој месец започна да работи фабриката во градот Чиндао.

Во наредните пет години, темпото на раст на автомобилскиот пазар во Кина ќе се изразува во едноцифрен број во проценти, прогнозираше Хајзман.

Тој додаде дека главната цел на „Volkswagen“ е да го сочува својот удел на кинескиот пазар. Во Кина се остварува околу третина од вкупната продажба на „Volkswagen“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП