17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМилионска казна за RBS поради ИТ дефекти

Милионска казна за RBS поради ИТ дефекти

_79143252_95e506aa-46fe-40ab-bc64-e76afa734a62

Британските финансиски регулатори ја казнија денес државната банка „Royal Bank of Scotland – RBS“ со 56 милиони фунти поради серијата дефекти на системот кои ги спречиле клиентите да пристапат до своите сметки.

Оваа казна, еднаква на сумата од 87,6 милиони долари или 70 милиони евра, е изречена поради софтверскиот проблем од јуни 2012 година во филијалите на „RBS“ „NatWes“ и „Ulster Bank“.

„Модерното банкарство зависи од ефикасните, сигурните и отпорните ИТ системи. Поради проблемот во банката милиони клиенти не беа во состојба да извршат банкарски трансакции“, изјави директорката на Британската Управа за контрола и надзор на финансискиот сектор (FCA), Трејси МекДермонт.

Ваквите дефекти, според зборовите на директорот на „RBS“ Филип Хемптон, открија неприфатлива слабост на ИТ системот на банките, и додаде дека банката веќе исплатила повеќе од 70 милиони фунти надомест за клиентите погодени од овој инцидент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП