8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен бројот на најбогатите Грци

Зголемен бројот на најбогатите Грци

Panoramic_views_of_Athens_(Greece)

Кризата во Грција се уште влијае на богатите, кои стануваат се побогати, соопшти светската компанија специјализирана за финансии „ Wealth-X“ (Богатство- Икс).

Според истражување на фирмата, како што јави дописникот на МИА од Атина, бројот на многу богати луѓе во Грција се искачил на 565 во 2014 година, што е за 60 повеќе од минатата година, а вкупната актива се зголемила до 70 милијарди долари, односно за 16,7 проценти во споредба со 2013 година.

На списокот на многу богати луѓе во целиот свет во 2014 година се додадени 12.040 лица, со што вкупниот број пораснал на рекордно ниво од 211.275 луѓе.

Вкупната актива на многу богатите – оние со повеќе од 30 милиони долари, годинава се зголемила за седум проценти, на 29,725 трилиони. Оваа сума е речиси двапати поголема од БДП на најголемата економија во светот, САД.

Северна Америка и Европа се уште доминираат на светската сцена, како области со најголем број на многу богати луѓе. Во САД живеат 69.560 луѓе со актива над 30 милиони долари. Бројот е повисок за шест проценти од минатата година.

Во извештајот се предвидува дека светската популација на многу богати луѓе ќе достигне 250.000 во текот на следните пет години, а Азија е регион со најбрз раст во „создавање“ милионери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП