7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФилипинскиот претседател Акино на „роуд шоу“ во Сингапур

Филипинскиот претседател Акино на „роуд шоу“ во Сингапур

pretsedatel filipini

Претседателот на Филипините Бенињо Акино, кој се наоѓа во тридневна посета на Сингапур на состанок со бизнис и финансиската елита на богатата држава, ги повика домаќините да ги насочат своите нови инвестиции во филипинската економија.

Акино порача дека сега е вистинскиот момент за нови сингапурски инвестиции на Филипините, бидејки неговата држава подготвила добри услови за странците, а веќе пет години остварува пораст на БДП од шест до девет отсто годишно.

Со точно 100 милиони жители, според пописот од август годинава, Филипините во 2013 година остварија вкупен национален доход од 272 милијарди долари. Сингапур, со нешто повеќе од 5,5 милиони жители има 22 милијарди долари поголем БДП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП