18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВраќање на отпишаниот - Mercedes Maybach S-Сlasѕ (фото+видео)

Враќање на отпишаниот – Mercedes Maybach S-Сlasѕ (фото+видео)

s maybach

Конкуренцијата во сегментот на суперлуксузни лимузини не е голема. Во врвот се осамени „Rolls-Royce“ и „Bentley“, a донеодамна за место во клубот на привилегирани се бореше и „Maybach“, како бренд во сопственост на „Daimler“.

Германската компанија од 2013-та се откажа од производството на „Maybach“ како посебна луксузна марка, но беше заклучено дека името „Maybach“ може да послужи за посебна, престижна серија на моделите на „Mercedes“.

s maybach1

Првиот „Mercedes“ модел кој во името ја има ознаката „Maybach“ e новата продолжена лимузина „S-Сlasѕ“, која истовремено имаше премиера на саемите во Лос Анџелес и во кинескиот град Гуанџу.

Ако сметате дека врвот во луксузот „Mercedes“ го достигна со стандардната „S-Сlasѕ“, верзијата „Maybach“ ќе ве предомисли.

s maybach2

Овој автомобил е наменет за одбрани клиенти кои без размислување ќе одвојат пари за дополнителен комфор и ексклузивни содржини.

„Mercedes Maybach“ од регуларната „S-Сlasѕ“ е подолг за 200 mm, па така вкупната должина на овој автомобил е 5.453 mm, a меѓуосовинското растојание дури 3.365 mm.

s maybach3

Благодарејќи на дополнителните сантиметри, пристапот и просторот на задните седишта е на ниво на најлуксузните „Rolls-Royce“ и „Bentley“ модели.

Покрај тоа што од „S-Сlasѕ“ се разликува по должината, „Maybach“ верзијата има и други стилски специфичности, како што е дополнителниот мал прозор сместен во „C“ столбот, на кој се наоѓа и амблемот на „Maybach“.

s maybach4

Патниците на задните седишта добија дополнителен простор за нозете, по што „Mercedes Maybach S-Сlasѕ“ може да се споредува со мал број на сериски произведени лимузини, кои не се дополнително продолжени.

Во „Mercedes“ особено се горди на звучната изолација во кабината и тврдат дека станува збор за „најтивкиот автомобил на светот“, веројатно елиминарајќи ја конкуренцијата на модели со електричен погон.

s maybach5

На купувачите на почетокот ќе им биде понуден најмоќниот модел, „Mercedes Maybach S600“, со 6.0-литарски „V12“ би-турбо мотор кој произведува 530 ks (390 kW) и 830 Nm.

Подоцна во продажба ќе се појави и моделот „S500“, кој има 4.7-литарски „V8“ би-турбо бензинец со 455 ks (335 kW) и 700 Nm.

Понудата на крајот ќе биде завршена и со верзијата „S400 4MATIC“, со „скромен“ 3.0-литарски „V6“ мотор со 333 ks (245 kW) и 480 Nm, чиј адут е погонот на сите четири тркала.

„Mercedes“ соопшти дека продажбата на „Maybach S-Сlasѕ“ ќе започне во февруари 2015-та, додека цената на овој суперлуксузен модел дополнително ќе биде објавена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП