22 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗЧувството да возите Porsche со потрошувачката како компактен автомобил

Чувството да возите Porsche со потрошувачката како компактен автомобил

zazaba

Врвни перформанси и ефикасност – Новиот Cayenne S Е-Hybrid е доказ дека овие две карактеристики не се исклучуваат една со друга.

За време на настанот „тест возење“, наменет за претставниците на медиумите, кон крајот од октомври се случи и светската премиера на првиот SUV plug-in хибрид модел. Во текот на тест возењето беа поминати вкупно 4.200 километри, а Porsche Cayenne S Е-Hybrid потроши само 5,6 l/100km.

Најдобриот резултат беше дури и на уште пониско ниво, 1,4 l/100 km, што е за два литри на 100 km подобро од NEDC стандардот кој изнесува 3,4 l/100km.

Покрај Cayenne S Е-Hybrid  и моделот Panamera S Е-Hybrid, го помина истиот тест.

porsh

Благодарение на намалената тежина, погонот на задните тркала и аеродинамичноста, plug-in хибридниот модел импресионираше со малата просечна потрошувачка од 5,4 l/100km.

Двата plug-in-хибридни системи ги минаа регионалните патишта околу Франкфурт како и  автопатите каде што на делови немаше ограничување на брзината.

На тестот беше потврдено дека помеѓу 36 и 56 километри возилата само на електричен погон имаат потрошувачка на гориво од 0.0 l/100km и нула емисии на штетни гасови.

Cayenne S Е-Hybrid има моќ од 416 КС / 306 kW и забрзува од нула до 100 km / h за 5,9 секунди, додека пак максималната брзина изнесува 243 km/h.

Првиот хибриден SUV веќе може да се нарача во салоните. Porsche е првиот производител на автомобили со три plug-in модели во своето портфолио.

Покрај новите Cayenne S Е-Hybrid и Panamera S Е-Hybrid, во август 2013 година во луксузниот сегмент беше претставен првиот plug-in хибриден модел – 918 Spyder супер спортски автомобил преку кој беше покажана експертизата на Porsche во областа на plug-in- хибридната технологија.

Porsche Panamera S Е-Hybrid: просечна потрошувачка на гориво 3.1 l / 100 km; емисии на CO2 71 g / km; потрошувачка на електрична енергија 16,2 kWh / 100 km

Porsche Cayenne S Е-Hybrid: просечна потрошувачка на гориво 3.4 l / 100 km; емисии на CO2 79 g / km; просечна потрошувачка на електрична енергија 20,8 kWh / 100 km

Porsche 918 Spyder: просечна потрошувачка на гориво 3.1 l / 100 km; емисии на CO2 72-70 g / km; просечна потрошувачка на електрична енергија 12,7 kWh / 100 km

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП