4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААфрика ќе стане вториот потрошувачки пазар во светот

Африка ќе стане вториот потрошувачки пазар во светот

africa1_02222

Африка до 2017 година ќе стане вториот по големина потрошувачки пазар во светот, се наведува во студијата на ревизорско-консултантската куќа Дилојт.

Иако е премногу рано за растот на најнеразвиениот континент да се нарече „африканско чудо“, Африка, а посебно нејзината под-сахарска област е на работ од „бумот“ кој се случи пред 30 години во Јужна Азија, се наведува во студијата на Дилојт претставена вчера на конгресот на трговските дистрибутери во Јоханесбург.

„Во Африка не недостасува побарувачка туку понуда“, се истакнува во извештајот.

Инвестирањето во африканскиот пазар останува „комплексно и тешко“ поради „релативно слабите приходи“, меѓутоа, Дилојт оценува дека Африка заслужува внимание во поглед на долгорочниот економски раст со оглед на очекуваниот просечен годишен економски раст од 7,7 проценти меѓу 2014 и 2019 година, двојно повеќе отколку во развиените земји.

Сегашниот африкански раст е помалку зависен од приходите од продажбата на руди и нафта отколку што тоа беше случај во минатото.

„До 2030 година повеќе од половина Африканци би требало да станат дел од средната класа“, во која се вбројуваат лицата кои трошат од два до 20 долари дневно.

„Побарувачката на популацијата од 15-24 години претставува главен столб на напливот на трговијата, модерната дистрибуција и продажбата на брендирана стока“, се наведува во извештајот.

Младите Африканци предност им даваат на локалната храна и пијалоците, но повеќе ги купуваат интернационални брендови на облека и козметика отколку домашните.

Без оглед што пристап на интернет имаат само 21 процент од африканските домаќинства, додека глобалното ниво е 40 проценти, купувањето преку интернет го обавиле непотценливи 240 милиони Африканци пред се во Мароко, Египет и Јужноафриканската Република.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП