18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонференција за иновации во растително и сточарско производство

Конференција за иновации во растително и сточарско производство

niva-300

Меѓународна конференција на тема „Развој и промовирање на иновациите и претприемништвото во секторите растително и сточарско производство“, ќе се одржи денеска во Битола, во организација на Федерацијата на фармерите на Македонија.

На конференцијата ќе бидат презентирани иновативни алатки за зголемување на конкурентноста на малите и средни претпријатија и за промовирање и олеснување на иновативното претприемништво.

Најавено е учество на 120 претставници од организации и научни институции кои даваат поддршка и услуги на мали и средни претпријатија во сточарското и растителното производство, бизнис асоциации, стопански комори, организации за бизнис промоција, невладини организации, консултанти, синдикати, претставници од мали и средни претпријатија во сточарското и растително производство, ….

Конференцијата е завршен настан од Агро-старт проектот „Транснационална мрежа за поддршка на мали и средни претпријатија во растителното и сточарското производство“, финансиран од Европската Унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП