18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДобрата деловна клима во Велес магнет за привлекување домашни и странски инвестиции

Добрата деловна клима во Велес магнет за привлекување домашни и странски инвестиции

veles 435

Рамномерен регионален развој е клуч за одржлив економски развој и социјален просперитет, порачаа учесниците на денешната бизнис средба во Велес што ја организираа Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и Индустриската комора во рамки на ССК во соработка со Општината.

На средбата присуствуваа претставници од повеќе дејности – финансии, сметководство, агро- бизнис, текстилно производство, индустрија, а се дискутираше за актуелните економски состојби и потребите на бизнис секторот во Општина Велес во насока на успeшно деловно работење.

Општина Велес, беше нагласено, е првата што го доби регионалниот сертификат за поволно деловно опкружување во Југоисточна Европа – проект кој во Македонија го имплементираат ССК и ЗЕЛС.

„Бизнисмените препознаа вистински партнер во општина Велес, која ги нуди сите поволни услови за развој и почнување бизнис, како за домашните, така и за странските инвеститори. Ефектите од сертификацијата се веќе евидентни, општина Велес ги отвори вратите за компаниите во слободните економски зони. Она што е од голема важност за бизнис заедницата, а општина Велес веќе го поседува, е ефикасна администрација, транспарентна локална самоуправа, соодветна инфраструктура и воспоставен партнерски однос кон стопанството и бизнис заедницата“, изјави Данела Арсовска, претседател на ССК.

Општина Велес е стратешки партнер на ССК, за регионална поддршка на бизнис секторот.

„Преку бизнис настаните кои почнавме да ги организираме во општините, сакаме уште повеќе и на терен да се доближиме до бизнисмените. Сето ова, веруваме, ќе придонесе и за поголемо вмрежување и зајакнување на членството на ССК“, рече Сотир Ампов, претседател на Индустриска комора во ССК.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП