19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДвоцифрена инфлација во Русија во почетокот на 2015

Двоцифрена инфлација во Русија во почетокот на 2015

Ñ 1 ÿíâàðÿ 2011 ãîäà ïîâûñèòñÿ ïëàòà çà óñëóãè ÆÊÕ

Министерот за финансии на Русија, Антон Силуанов, смета дека инфлацијата во земјата, на годишно ниво, во јануари ќе достигне двоцифрено ниво, пренеусва Finmarket.ru.

Како што Силуанов денес изјави пред новираните, годишната инфлација на 10-ти ноември достигна 8,6 проценти.

Руската служба за статистика Рос стат денес објави дека инфлацијата од почетокот на годината достигнала 7,9 проценти. На тој начин, инфлацијата на ден 17. ноември достигнала 8,7 проценти на годишно ниво, во однос на 8,3 проценти од крајот на октомври.

Министерот за економски развој Алексеј Улјукајев во понеделникот изјави дека инфлацијата за 2014 година може да изнесува девет проценти, а на крајот на првиот квартал од 2015 година ќе достигне 10 проценти на годишно ниво.

Улјукајев потсети дека падот на рубљата според основните валути изнесува 30 до 40 проценти, а падот од еден процентен поен предизвикува инфлација од 0,1 процентен поен за шест до девет месеци. На тој начин тековната девалвација на рубљата, според неговите зборови, ќе ја зголеми очекуваната инфлација за 3,5 процентни поени, а главниот ефект ќе биде видлив на крајот на кварталот.

Централната банка минатата недела ја ревидираше прогнозата за инфлацијата за оваа година на 8,2 до 8,4 проценти од 7,5 проценти колку што беше првичната проценка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП