19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЛЕМ: Акумулациите имаат простор да ги прифатат зголемените дотоци на вода

ЕЛЕМ: Акумулациите имаат простор да ги прифатат зголемените дотоци на вода

elem 300

Интензивните врнежи од дожд, што во последното деноноќие ја зафатија Македонија, поволно влијаат врз водостојот во вештачките акумулации што се користат за производство на електрична енергија. Во нив има доволно простор да се прифатат и зголемените дотоци од претстојните врнежи кои се очекуваат во наредниот период, велат од АД ЕЛЕМ.

Од компанијата посочуваат дека сите постојни акумулации од кои тие произведуваат електрична енергија имаат доволно простор за прием на нови количества вода кои се очекуваат и во текот на претстојната зима.

„Нашите надлежни служби внимателно и во континуитет ја следат состојбата и го оптимизираат производството во согласност со временските услови и потребите на електроенергетскиот систем од електрична енергија, a во текот на вчерашниот ден превентивно се исклучени од производство ХЕ „Козјак“ и ХЕ „Света Петка“, со што е оневозможено дополнително растење на водостојот на реката Вардар во скопскиот регион“, нагласуваат од АД ЕЛЕМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП