17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродолжува исплатата на субвенциите за тутун

Продолжува исплатата на субвенциите за тутун

tutuniiite

Министерството за финансии соопшти дека денеска на 3.504 кооперанти на Сокотаб- Битола и Алајанс Уан – Кавадарци ќе им бидат исплатени субвенциите за откупен тутун од реколтата 2013 година.

Министерството исплати 88,9 милиони денари за откупниот период од 27 февруари до 15 март оваа година, односно за време на претседателските и парламентарните избори, кога беше сопрена исплатата на субвенции поради одредбите од Изборниот законик.

Во соопштението од Министерството за финансии се наведува дека продолжува редовната исплата на субвенциите за поддршка на земјоделието, како една од носечките гранки на македонското стопанство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП