3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦрна Гора: Минималната потрошувачка кошница 797 евра

Црна Гора: Минималната потрошувачка кошница 797 евра

potroshuvachi56468786hiugiug

Минималната потрошувачка кошница во Црна Гора во октомври изнесувала 797 евра, што е повеќе за 0,3 проценти во споредба со септември, соопшти црногорскиот Завод за статистика.

На храна и безалкохолни пијалци се однесуваат 247 евра, на непрехрамбени производи и услуги 351 евра, додека домувањето е 198 евра.

Минималната потрошувачка кошница за храна и безалкохолни пијалоци во октомври е поголема за 0,1 проценти во однос на септември, непрехрамбените производи и услугите за 0,2 проценти, а домувањето за 0,6 проценти.

Вкупната вредност на потрошувачката кошница во октомври е намалена за 0,4 проценти во однос на истиот месец минатата година, додека во однос на декември 2013 година е намалена за 0,1 проценти.

Просечната плата во Црна Гора изнесува 479 евра, а просечната пензија 278 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП