28 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИндо Минерали и Метали, силен играч за македонската економија

Индо Минерали и Метали, силен играч за македонската економија

iniko

Планираните капитални трошоци за следните две години на Индо Минерали и Метали за операциите во рудниците Злетово, Тораница и Добрево се проценуваат на околу 225 милиони денари.

Индо Минерали и Метали, како дел од Бинани Групацијата, започнаа со работа во Македонија во 2006 година и го илустрираат потенцијалот на земјата за странски директни инвестиции. Рударската операција е една од најголемите странски инвестиции и работодавци во Македонија.

Господин Моза, Генералниот менаџер на Индо Минерали и Метали изјави: ”инвестиравме повеќе од 1 милијарда денари во инфраструктура, развој и рударска опрема. Нашите предлог-капитални трошоци за 2015-2016 година се проценети на околу 225 милиони денари.”

Главниот фокус на компанијата е безбедноста на вработените, за што компанијата постојано инвестира во опрема, спроведува регуларни технички проверки на работната опрема и изведува соодветни обуки за вработените. Дополнително на ова, ИММ исто така спроведува медицински проверки во согласност со проценките за ризик и доследно се придржува кон директивите на Законот за безбедност и здравје при работа.

Индо Минерали и Метали како дел од Бинани Групацијата ги следи глобалните трендови и во согласност со нив ги спроведува модерните технологии за извршување на оваа работа. ИММ Македонија е компанија посветена на бизнис одржлива иднина и преку тоа, на подобрување на социјалната, економската и еколошка благосостојба на заедницата каде работиме. Целиме да ги воспоставиме највисоките безбедносни стандарди.”, изјави Г-дин Канаја Лал Моза

Во поглед на околината, Индо Минерали и Метли ДООЕЛ има потрошено над 70 милиони денари во Злетово и 95 милиони денари во Тораница за животната средина, со поголем број на дополнителни проекти во план.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП