27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Фестивалот на младо вино во Тиквеш собрани 200.000 денари за проектот...

На Фестивалот на младо вино во Тиквеш собрани 200.000 денари за проектот „Заедно до дома“

vino donacija

На годинашниот Фестивал на младо вино, ВВ „Тиквеш“ се приклучи на акцијата „Заедно до дома“ на Црвениот крст на град Скопје. На Фестивалот, што се одржа во саботата, се собрани 200.000 денари.

Од донациите на посетителите на Фестивалот на младо вино беа собрани околу 100.000 денари, а ВВ „Тиквеш“ донираше дополнителни 100.000 денари.

„Особено сме горди и задоволни што годинава на Фестивалот на младо вино посетителите со задоволство ја прифатија нашата иницијатива заеднички да се вклучиме во една акција чија цел е да им се помогне на оние на кои тоа намногу им е потребно. Среќни сме што нашата иницијатива беше прифатена одлично од посетителите. Винарницата и понатаму продолжува да поддржува и да поттикнува активности кои се во интерес на пошироката заедница“, истакна Игор Илиевски, генерален директор на ВВ „Тиквеш“.

Црвениот крст на Скопје што ја реализира акцијата „Заедно до дома“ изрази задоволство од резултатите од оваа заедничка активност со ВВ „Тиквеш“.

„Со задволство ја прифативме иницијативата на „Тиквеш“ за приклучување во проектот. Ние сме пријатно изненадени од резултатот и искрено се надеваме дека ќе имаме уште успешни проекти со „Тиквеш“ и во иднина. Посетителите на Фестивалот на младо вино покажаа вистинска хуманост и висока свест за потребата од заедничка акција за подобрување на состојбите и обезбедување поддршка на оние што имаат потреба од помош“, рече Сузана Т. Пауновска, секретар на Црвен крст на град Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП