15 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови инвестициски фондови на пазарот на капитал

Нови инвестициски фондови на пазарот на капитал

novi-investiciski-fondovi-pazarot-kapital

ВФП Премиум Инвест и ВФП Кеш Депозит се новите инвестициски фондови кои добија одобрение за организирање од страна на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија.

Основач на фондовите е Друштвото за управување со фондови „ВФП Фонд Менаџмент“ АД Скопје.

„Новите учесници на пазарот на капитал ќе прибираат парични средства преку продажба на удели во фондот, а ќе ги вложуваат во согласност со Законот за инвестициски фондови, статутите и со проспектите на фондовите“, информира денеска Комисијата за хартии од вредност.

ВФП Премиум Инвест првенствено е наменет за вложувачи со умерен степен на толеранција кон ризикот, кои сакаат да постигнат специфични инвестициски цели. Временски период кој е препорачлив за вложување во Фондот е најмалку пет години. Средствата на фондот ќе бидат инвестирани во хартии од вредност на издавачи чија претежна дејност се врши на територијата на САД, земји членки на ЕУ, ОЕЦД, ЦЕФТА и Република Македонија, како и во држави надвор од Европа чии регулирани пазари на хартии од вредност се членки на Светската федерација на берзи WFE.

ВФП Кеш Депозит пак е наменет за инвеститори кои не сакаат своите средства да ги изложат на висок ризик и кои во релативно пократки рокови сакаат да остварат принос на своите средства. Средствата на фондот ќе бидат инвестирани во хартии од вредност на издавачи чие седиште, односно претежна дејност се врши на територијата на Република Македонија, како и земјите членки на ЕУ, ОЕЦД и на ЦЕФТА.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП