26 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПогледнете во иднината на Audi - концептот Prologue Coupe (фото)

Погледнете во иднината на Audi – концептот Prologue Coupe (фото)

prologue

„Audi“ во Лос Анџелес го претстави концептот на ново луксузно купе, кој треба да послужи како основа за моделот „A9“, но кој воедно најавува и нов дизајн за идните модели на германскиот производител.

Новиот шеф на дизајн, Марк Лихте, кој на оваа позиција пристигна во 2014-та, веќе започна да го менува стилскиот пристап и формата на возилата на „Audi“.

prologue1

Можеби некои ќе се запрашаат – каде се тука промените? Сепак, не треба да се очекува дека производители на премиум автомобили, чии купувачи се прилично конзервативни, преку ноќ да го променат имиџот на своите автомобили.

„Prologue Coupe“ има препознатливи елементи на едно „Audi“ – голема шестаголна предна маска, издолжени тенки фарови…

prologue2

Меѓутоа, маската е помасивна, фаровите потенки, па предниот дел остава впечаток на агресивен и модерен автомобил во однос, на пример, на редизајнираниот „Audi A7“.

Дизајнерите развија нови стоп светла, кои исто така не отстапуваат од филозофијата на „Audi“, но внесуваат освежување на задниот дел на возилото.

prologue3

Шефот на „Audi“, Урлих Хакенберг, тврди дека „Prologue Coupe“ претставува пресвртница во историјата на „Audi“ и отвара нови перспективи за идината на оваа компанија.

Со должина од 5.100 mm, ширина од 1.950 mm и висина од 1.390 mm, како и меѓуосовинско растојание кое изнесува 2.940 mm, „Audi Prologue Coupe“ може да се спореди со купето „Mercedes S-Сlasѕ“.

prologue4

Ако се реализираат некои од претходните најви за моделот „А9“, „Mercedes“ до 2017-та би требало да добие сериозен ривал во луксузното купе на „Audi“.

Конструкторите замислиле „Prologue Coupe“ да има „Quattro“ погон на сите 4 тркала, додека моќта ќе ја добива од 4.0-литарски „twin-turbo V8“ мотор со 605 ks и 750 Nm максимален вртежен момент.

Во „Audi“ тврдат дека автомобилот е во состојба од место до „стотка“ да забрза за 3.7 секунди, што е одличен резултат за автомобил кој има маса од 1.980 kg.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП