22 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТежок животот за француските пензионери

Тежок животот за француските пензионери

penzioneri5555

Повеќе од половина Французи имаат намера да штедат пари за пензионерските денови, бидејќи сметаат дека тогаш животниот стандард ќе им се намали.

Во анкетата на консултантската куќа „Odoxa“ 89 проценти од Французите оцениле дека животниот стандард ќе им биде значително понизок кога ќе одат во пензија, а дури 81 процент од француските пензионери потврдиле дека живеат полошо откако се пензионирале, пренесува весникот Фигаро.

Анкетата покажа дека 34 проценти од вработените Французи штедат уште сега за пензионерските денови, 18 проценти од испитаниците рекле дека имаат намера за започнат да штедат, а 43 проценти дека сакаат да стават пари на страна за пензионерските денови, но немаат доволно пари за тоа.

Само четири проценти од анкетираните сметаат дека немаат потреба да штедат за да живеат подобро по заминувањето во пензија.

Во анкетата, која е споведена преку интернет, учествувале 1.007 Французи постари од 18 години.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП