21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа два дена ќе се знае дали Македонија извезувала европски овошје и...

За два дена ќе се знае дали Македонија извезувала европски овошје и зеленчук во Русија

zemjodelski proizvodi

Владата им наложи на институциите во наредните два дена да ги испитаат информациите за наводниот реекспорт на земјоделски производи од ЕУ во Русија.

Како што соопшти денеска министерот за економија Беким Незири, во деталните анализи ќе бидат вклучени МВР, Царинската управа, Агенцијата за храна и земјоделство и Државниот инспекторат за земјоделство.

Ова, рече Незири, е договорено на вчерашната владина седница.

„Ќе направиме детално истражување и ако утврдиме дека постои такво нешто, ќе се преземат сите законски мерки за покренување кривични постапки против поединците или фирмите кои го напрвиле тоа“, нагласи министерот.

Според него, од руска страна има само сомнеж дека Македонија извезува овошје и зеленчук од ЕУ во Русија, но тоа се уште не е докажано.

Одговорајќи на новинарско прашање, заменик амбасадорот на САД Бартон Путни порача дека земјите од региoнот имаат огромен потенцијал за меѓусебна соработка и на тоа треба да се фокусираат.

Руската служба за ветеринарен и санитарен надзор побарала од македонските служби во рок од една недела да пратат материјали за системска проверка на извезените производи, како и заклучоци за автентичноста на фитосанитарните сертификати. Македонија треба да докаже дека овошјето и зелечнукот што ги извезува во Русија се македонски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП