28 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на куповната моќ на жителите на Европа

Раст на куповната моќ на жителите на Европа

korpa 34

Просечната годишна куповна моќ по глава на жител во 42 европски земји изнесува 13.112 евра, што е за околу еден отсто повеќе во однос на една година порано, кога таа изнесувала 12.890 евра, покажува најновата студија на глобалната истражувачка компнаија ГфК под наслов „Куповната моќ во Европа 2013/2014“.

Европејците во 2014 година во целина на располагање за трошење имале 8.830 милијарди евра, но сепак постојат голем разлики во куповната моќ на луѓето, не само меѓу земјите, туку и меѓу регионите.

Во студијата куповната моќ е дефинирана како номинално расположлива заработувачка, без данок и придонеси, пресметана по глава на жител во евра и во индексни поени.

ГфК наведува дека европските жители ги трошат заработените средства на фиксни давачки, наемнини, греење, даноци, лична потрошувачка и други трошоци, како одомор или превоз.

Меѓу 42-те земји опфатени со студијата, најголема куповна моќ, како и во претходната година, имаат жителите на Лихтенштајн кои за трошење имаат по 54.840 евра. На второто и третото место, како и во ланската класификација, се Швајцарија со 37.153 евра по глава на жител и Норвешка со 30.560 евра.

Луксембург со 28.851 евро по глава на жител го задржа четврото место, а петтопласираната Данска со 22.044 евра напредуваше за две места. Австрија е шеста со 21.891 евра, пред Германија со 21.579 и Шведска со 21.230 евра.

Првата десетка на лисата ги заокружуваат Франција со 19.643 и Финска со куповна моќ од 19.379 евра по глава на жител.

На листата најголем напредок, од две места, има Данска, додека за едно место напредувале Македонија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Велка Британија, Германија, Естонија, Литванија, Малта и Хрватска.

Најголем пад за дури четири мести има Албанија, Шведска за три, Чешка за две, а Белгија, Кипар и Турција назадувале за по едно место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП