9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСекој четврти Швајцарец нема пари на крајот на месецот

Секој четврти Швајцарец нема пари на крајот на месецот

shvajcarija53v454gr

Секој четврти жител на Швајцарија на крајот на месецот откако ќе ги плати сите сметки останува без пари, додека 45 проценти од анкетираните признале дека не ги плаќаат сметките навремено во последните шест месеци.

Швајцарците во финансиска смисла најмногу ги загрижува загубата на работата, високите трошоци за лекарските услуги и осигурителните компании, покажа анкетата на консултанската куќа „Justitia“ објавена во швајцарскиот весник „24 часа“.

Две третини од Швајцарците сметаат дека сметките треба да се платат навремено, додека 60 проценти од испитаниците сметаат дека имаат контрола над месечните трошоци.

Повеќето млади Швајцарци од 15 до 24 години сметаат дека управувањето со парите е од суштинско значење, додека една четвртина од нив признале дека би требало да бидат подобро обучени во поглед на односот кон парите.

Анкетата покажа дека секој четврти млад човек во Швајцарија на купување преку интернет троши повеќе отколку во класичните продавници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП