18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо првата половина од годинава Албанија ја посетиле милион туристи

Во првата половина од годинава Албанија ја посетиле милион туристи

alban

Само во првата половина од годинава Албанија ја посетиле над милион туристи, што споредено со лани истиот период претставува раст од 24 отсто, јави дописникот на МИА од Тирана.

Ова го потврди албанската министерка за урбан развој и туризам, Енглантина Ѓермени, искажувајќи оптимнизам дека до крајот на годинава планираната бројка од над два милиони туристи ќе биде надмината.

– Она што паѓа во очи е значителниот раст на бројот на туристите од Полска, со околу 14.000, скандинавските земји, со околу 12.000 и Велика Британија со околу 27.000 посетители. Наша цел е препознавање на Албанија како туристичка дестинација, изјавила Ѓермени.

Најпосетени се Драч, Валона, Саранда, Химара и секако Шенѓин, каде климатските услови се идентични со оние во црногорското летувалиште Улцињ.

Според неа, во соработка со Министерството за транспорт се прават напори за зголемување на директните летови не само за време на летната сезона, како и отпочнување на летови на нискобуџетски компании.

Таа најави дека владата прави напори за отворање на уште еден аеродром.

– Растот на директните странски инвестиции во туризмот, подобрувањето на туристичката инфраструктура и подигањето на повисоко ниво на услугите, се интегрален дел од серијата политики и законски иницијативи кои во континуитет се превземаат во функција на туризмот, изјавила Ѓермени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП