4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманските банки не се доволно профитабилни

Германските банки не се доволно профитабилни

deutsche- bundesbank54645

Германските банки не се доволно профитабилни во споредба со банките од другите европски земји, поради што мораат да ги разгледаат своите бизнис модели, порача вчера германската централна банка, Бундесбанк.

„Банките мораат да бидат профитабилни, а истото важи и за германските банки. Нивната добивка од средствата и инвестираниот капитал е релативно ниска во споредба со ситуацијата во другите членки на еврозоната“, изјави член на управниот одбор на Бундесбанк, Андреас Домбрет. Тој на банкарскиот конгрес изјави дека главната причина е тоа што германските банки релативно се зависни од приходите од каматите, пренесува агенцијата Франс прес.

„Таквиот бизнис модел претставува голем ризик во актуелното опкружување на ниски каматни стапки“, порача Домбрет, потсетувајќи дека во првата половина од оваа година, профитот од работењето на големите германски банки бил за околу осум проценти помал во однос на истиот период минатата година.

Како решение за проблемот на германските банки, Домбрет предложи разгледување на нивните бизнис модели и диверзификација на нивните извори на приходи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП