17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦерар: Словенија е одлучна во спроведување на фискалната консолидација

Церар: Словенија е одлучна во спроведување на фискалната консолидација

miro cerar

Словенечкиот премиер Миро Церар изјави дека неговата влада е одлучна во спроведување на фискалната консолидација, а министерот за јавна администрација Борис Копривникар предупреди дека тоа нема да биде можно без намалување на платите во јавниот сектор.

„Поради големиот дефицит и високиот јавен долг состојбата во државата е сериозна и бара одлучни мерки, изјави Церар во парламентот за време на усвојувањето на ребалансот на буџетот за оваа година, додавајќи дека не се планирани „радикални“ кратења ниту за идната година за да се избегне дополнително намалување на јавната потрошувачката.

„Не сакаме намалување на потрошувачката, бараме и ќе продолжиме да бараме компримиси“, изјави Церар пред пратениците, нагласувајќи дека владата настојува за постигнување на договор со синдикатите за рестрикции во јавниот сектор со цел да се избегне донесување на специјален, интервентен закон.

Според министерот Копривникар намалувањето на дефицитот нема да биде можно без кратење на платите во јавниот сектор и повика синдикатите да го прифатат владиниот предлог за намалување на платите идната година, со цел да се избегне донесување на интервентен закон без нивна согласност.

„Верувам дека ќе дојде до договор за платите до крајот на овој месец. Алтернативите би биле болни, бидејќи интервентниот закон ќе предизвика социјален конфликт и протести што никому нема да користи“, изјави Копривникар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП