3 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Хрватска оваа година дефицит од 5,7, а наредната 5,5 проценти

Во Хрватска оваа година дефицит од 5,7, а наредната 5,5 проценти

hrvatska11

Во Хрватска оваа година се очекува дефицит од 5,7 проценти, а наредната 5,5 проценти, соопшти Хрватското здружениe на банките.

Хрватското здружение на банките ги објави прогнозите на главните економисти на шесте водечки банки, кои покажуваат раст на песимизмот, како и намалување на прогнозата за хрватската економија, јавуваат хрватските медиуми.

Прогнозата за јавниот долг се поклопува со онаа која ја даде Владата, што би можело да знчи дека и во oоваа институција очекуваат прилично исти податоци кога ќе се конвертираат во меѓународно споредливите ESA стандарди.

Односот на јавниот долг и БДП ќе изнесuва 82 проценти на крајот на оваа година и 87 проценти на крајот на наредната година.

Тековната сметка на билансот на плаќања ќе остане во суфицит меѓу 0,7 проценти и 0,8 проценти од БДП, а кредитите за приватниот сектор ќе продолжат да бележат пад по стапка од 1,3 проценти оваа година, додека во 2015 година се очекува нивна стагнација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар