1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзбрани најдобрите гостилници и ресторани во Скопје

Избрани најдобрите гостилници и ресторани во Скопје

nagradi gostilnici i restorani 3

Најдобрите гостилници за 2014 година се „Носталгија “, „Старо буре“ и „Канцона“, а најдобрите ресторани „Уранија “,„Венето“ и „Фиш“.

Изборот е направен преку проектот за избор на Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите кој произлегува од Програмата за финансирање на проекти за развојот на занаетчиството, угостителството и трговијата на Град Скопје за 2014 година. Со проектот се опфатени вкупно 100 угостителски објекти на територијата на Скопје, од кои 50 ресторани и 50 гостилници.

Овој проект се спроведува седма година по ред, а плакетите на најдобрите три гостилници и најдобрите три ресторани, денеска им ги врачи Слободан Ќосев, раководител на Секторот за локален економски развој.

„Целта на манифестацијата „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите 2014“ е да се издвојат најпрестижните и најдобрите ресторани и гостилници во градот, што секако ќе биде поттик за подобрување на квалитетот на услугата, односот кон гостите, како и на целокупниот амбиент во сите угостителски објекти во Скопје. Тајните купувачи, ангажирани од Агенцијата ги завршија трите обиколки на 100-те угостителски објекти, кои по случаен избор влегоа во трката“, изјави Ќосев.

Појасни дека Агенцијата преку својата мрежа на тајни купувачи ги оцени 50-те ресторани и 50-те гостилници, според примарните критериуми: прв контакт, хигиена на објектот, тоалет, амбиент, услуга на келнерите, општа услуга, квалитет на храна и завршен контакт.

Според Агенцијата „Swot Research“ ангажирана за истражување, годинава во текот на истражувањето што е спроведено во периодот од 1 до 31 октомври во повеќето сегменти се забележува поголем квалитет, и забележително е тоа што ниту еден угостителски објект не забележал ниски резултати, под 50 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП