20 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИсплатени 77,4 милиони денари субвенции за тутунарите

Исплатени 77,4 милиони денари субвенции за тутунарите

tutun2223

Министерството за финансии денеска исплати 77,4 милиони денари на 2.069 тутунари за реколтата од 2013 година.

Како што соопшти Министерството за финансии, станува збор за доисплата за откупен тутун на оние тутунари кои имале проблем со трансакциските сметки и кај кои сега се надминати техничките пречки.

Министерството за финансии продолжува со редовната исплата на субвенциите за поддршка на земјоделието, како една од носечките гранки на македонското стопанство, стои во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП