17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија ги заостри условите за инвеститорите надвор од ЕУ

Британија ги заостри условите за инвеститорите надвор од ЕУ

248691_big-ben-foto02-ap-kirsty-wigglesworth_ff

Британија ги заостри критериумите за издавање на дозволи за престој на богатите странци кои доаѓаат од земјите надвор од Европската унија.

Странските инвеститори кои не се од територијата на ЕУ од сега ќе мораат во замена за добивање на британска виза да инвестираат во економијата на оваа земја 2,5 милиони евра во рок од пет години, наместо досегашните 1,252 милиони евра, го пренесува весникот „Тајмс“ соопштението на британското министерство за внатрешни работи.

Оваа мерка е дел од реформите за заострување на политиката кон имигрантите во Велика Британија на премиерот Дејвид Камерон, која стапи на сила на 6-ти ноември, а со која пред се се пропишуваат построги критериуми за одобрување на визата за престој на богатите странци кои сакаат да инвестираат во британската економија.

Британското министерство за внатрешни работи одобри 735 визи на инвеститорите во британската економија меѓу јуни 2013 и 2014 година, што е за 40 проценти повеќе на годишно ниво.

Најголем број на визи, 295, во наведениот период им се одобрени на кинеските граѓани, а потоа на Русите, 180.

Новата реформа предвидува дека пропишаниот износ на инвестициите од 2,5 милиони евра мора да биде инвестиран исклучиво во британската економија, односно во британските компании или државните обврзници. Досега беше дозволено 25 проценти од инвестициите да бидат инвестирани во недвижнини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП