25 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДосега најдобрите модели на Porsche (фото)

Досега најдобрите модели на Porsche (фото)

pp nas

Една од најпочитуваните марки на автомобили во светот – „Porsche“, е основана во 1931-ва година во Штутгарт. Денес таа има над 19.000 вработени во целиот свет и е во сопственост на „Volkswagen“.

Годишните приходи се во износ од 14,3 милијарди евра. Меѓу најпознатите модели на брендот денес се „911“, „Boxster“, „Cayman“, „Panamera“, „Cayenne“, „Macan“ и „918“. Тешко е да се квалификуваат 10-те најдобри модели на сите времиња на „Porsche“, но сепак можеме да се обидеме:

10. 1960 PORSCHE ABARTH 356B CARRERA GTL

pp 10

Овој автомобил не изгледа како да е произведен во 1960-та година, но тоа е факт. Само 20 модели од него се произведени и затоа тој е меѓу најретките.

9. 1966 PORSCHE 911

pp 9

Славниот модел „911“ се појавува во 1963-та година и се произведува до 1989-та година. Овој автомобил дебитираше на Меѓународниот саем во Франкфурт во 1963-та година.

8. 1974 PORSCHE CARRERA RS 3.0

pp 8

Има 6-цилиндричен мотор и е речиси два пати поскап од моделот „2.7 RS“. Од овој модел беа продадени 109 примероци. Со серијата „Carrera“, компанијата почна да се оддалечува од моделите „911“.

7. 1974 PORSCHE 930

pp 7

Ова возило се произведуваше помеѓу 1975-та и 1989-та година. Спортскиот модел е познат како „911 TURBO“. Претставен е на саемот во Париз во 1974-та година.

6. 1987 PORSCHE 928 S4

pp 6

На пазарот е од 1978-ма до 1995-та година. Овој луксузен спортски автомобил бил создаден како замена на моделот „911“. Ова е само еден од вкупно седумте модели со мотор во предниот дел, кои компанијата ги прави од 1949-та година. Моторот е „V8“, менувачот автоматски.

5. 1983 PORSCHE 911SC CABRIOLET

pp 5

Концептот за овој автомобил е претставен во 1981-ва година на саемот во Франкфурт. Ова е првиот кабриолет на брендот по моделот „356“ од средината на 60-тите години.

4. 1987 PORSCHE 959

pp 4

Моделот се произведуваше од 1986-та до 1989-та година. Достигнува 314 км/час.

3. 2008 PORSCHE BOXSTER RS60 SPYDER

pp 3

Овој двосед е еден од најпознатите стилски модели на марката.

2. 2011 PORSCHE 911 GT2

pp2

Спортскиот автомобил се произведува од 1993-та до 2012-та година. Во шоуто „Top Gear“, овој модел е прогласен за најдивиот и најбрз примерок на „911“.

1. 2014 PORSCHE PANAMERA TURBO S

pp 1

Моделот е со мотор во предниот дел. Забрзува до 100 км/час за 3.8 секунди, а во моментов тоа е најмоќниот сериски произведен модел на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП