6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCarlsberg ќе ја преземе грчката пивара Olympic Brewery

Carlsberg ќе ја преземе грчката пивара Olympic Brewery

CarlsbergBeer5555666

Данската пивара „ Carlsberg “ ќе ја преземе третата најголема пивара во Грција „Olympic Brewery“ во настојување да го зголеми своето присуство на локалниот пазар.

Пиварата ќе настојува да го создаде вториот најголем играч на грчкиот пазар за пиво.

По преземањето на грчката пивара, здружената компанија ќе има пазарен удел од 29 проценти, со што ќе се најде веднаш зад холандскиот ривал „Heineken“ кој држи околу 55 проценти од грчкиот пазар за пиво, јавува Ројтерс.

Финансиските детали од договорот не се објавени, но познато е дека „Carlsberg“ во здружената компанија ќе има 51 процент од сопственоста, додека актуелниот акционер „Olympic Brewery“ ќе ги има преостанатите 49 проценти.

Со годишната бруто продажба од 139 милиони хектолитри пиво, „Carlsberg“ е четвртата најголема пивара во светот, додека „Olympic Brewery“ произведува 550.000 хектолитри пиво годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП