20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗоонозите се поголема закана за луѓето

Зоонозите се поголема закана за луѓето

zoonozi125

Околу 60 проценти од хуманите патогени заболувања отпаѓаат на зоонозите, односно болестите што се пренесуваат од луѓето на животните и обратно, беше истакнато на денешната средба во Охрид за употребата на ветеринарното медицински препарати во лекувањето на животните и нивното влијание врз здравјето на човекот.

Целта на оваа средба е токму заштитата на населението од тие заболувања, како синиот јазик, свинската чума, шапот, туберкулозата, бруцелозата и беснилото, истакна регионалниот претставник на ОИЕ за источна Европа, Никола Белев.

На средбата учествуваат претставници од 32 држави во регионот, Европската Унија и Југоисточна Европа, на Светската организација за здравствена заштита на животните (ОИЕ), како и на регионалните канцеларии на ОИЕ во Софија и во Брисел.

Целта е да се унапредат политиките и законодавството во однос на ветеринарно- медицинските препарати чија примена би придонела за подобрување на здравјето на животните и на луѓето како конзументи на производите од животинско потекло.

Нашето закондавство во однос ветеринарно-медицинските препарати потполно е усогласено со европската легислатива. Целта на семинарот е усогласување на политиките при третманот на животните во земјите учеснички, како и размена на искуства со цел намалување на преносливите болести од животните на луѓето,посочи директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски.

Во врска со појавата на птичји грип во западна Европа, тој истакна дека сите производи на македонскиот пазар се безбедни и оти за нив се добиени ветеринарни сертификати од државите што ги испорачуваат.

Пред производство и преработка производот се прегледува, се следи евентуална клиничка слика на животните за повеќе болести и потоа се издава ветеринарниот сертификат кој гарантира безбедност. Истовремено редовни контроли на производите се врши и на домашните производители на животинска храна, така што во овој момент можам да кажам дека македонските производи се безбедни, посочи Поповски.

Настанот во Охрид го организира Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП