13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШефчович: ЕУ нема никаква полза од „Јужниот поток“

Шефчович: ЕУ нема никаква полза од „Јужниот поток“

juzen potok bugarija

Потпретседателот на Европската комисија задолжен за енергетика Марош Шефчович изјави дека Европската унија не гледа каква дополнителна полза за Европа има во планираниот гасовод „Јужен поток“.

Шефович не гледа полза на гасоводот за ЕУ, како што вели, бидејќи гасот во него е од ист руски извор.

Во интервју за словачкиот весник „Правда“, Шефчович исто така предупреди, дека не е можно да се реализира таков значаен проект, а притоа да не се почитува европската легислатива.

„Европската комисија има две основни забелешки. Првата е дека неможе да се реализира таков значаен проект во ЕУ, а притоа да не се почитуваат европските закони. Тоа не би било прифатено никаде во светот“, вели Шефчович.

Друг значаен прашалник за „Јужен поток“, според Шефчович, е прашањето колку тој навистина ќе придонесе за девирзификација на изворите на енергија за Унијата.

„Затоа што станува збор за испорака од ист извор на гас, не гледаме дополнителна полза на таков проект“, вели европскиот комесар за енергетика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП