20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија забрани увоз на месни производи од Црна Гора

Русија забрани увоз на месни производи од Црна Гора

shto-se-sluchuva-ako-chesto-jadete-virshli-kolbasi-i-salami-kafepauza.mk_

Руската служба за ветеринарен и фитосанитерен надзор (Росселхознадзор) воведе од денеска забрана за увоз на месо и месни производи од Црна Гора, изјави помошник-раководителот на Службата, Алексеј Алексеенко.

Главната причина за забраната е нелегалниот реизвоз на месната индустрија од земјите од Европската унија. Доставките на месните производи од Црна Гора изминатиот период забележаа голем раст и тоа во обем, кој самата земја не би можела да ги произведе, истакна претставникот на Росселхознадзор.

Според него Црна Гора на Русиа и доставувала претежно свинско месо и други свински производи.

Црна Гора не е толку важен играч на пазарот на месните производи. Забраната нема да му нанесе удар на асортиманот од увезени продукти, рече Алесеенко.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП