16 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАвстриската Виена Иншуренс доби дозвола да го откупи КЈУБИ Македонија

Австриската Виена Иншуренс доби дозвола да го откупи КЈУБИ Македонија

vien-insurance_logo

„Vienna Insurance Group AG Wiener Versicherung Gruppe“ доби дозвола да ги откупи сите акции од Друштвото за осигурување и реосигурување КЈУБИ Македонија. Одлуката е донесена на последната седница на Комисијата за хартии од вредност.

Понудата за откуп се однесува на 636.645 обични акции со право на глас и на 80.817 приоритетни акции. Австрискиот понудувач се обврзува да ги откупи хартиите од вредност по цена од 2.001,22 денари за една акција. „Vienna Insurance Group AG Wiener Versicherung Gruppe“ на сметка на Централниот депозитар за хартии од вредност има депонирано паричен износ кој е потребен за плаќање на сите хартии од вредност на кои се однесува понудата. Најмалата количина на хартии од вредност што треба да се прифати, за понудата за откуп да се смета за успешна е  73,51 проценти од обичните акции.

Комисијата за хартии од вредност даде согласност Иван Штериев да биде именуван за Главен извршен директор на Македонската берза АД Скопје, со мандат од четири години. Оваа функција, Штериев ја извршува од 2005 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП