19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААргентина внимава на секој пезос

Аргентина внимава на секој пезос

104616727546b07a7de545384177548_640x480

Во Аргентина започна да работи новата Агенција која ќе биде задолжена за следење на тековите на валутите во странските комерцијални трансакции.

На овој начин, според оценките на Франс прес, официјален Буенос Аирес сака да го подигне нивото на девизни резерви во услови на се поголем одлив на капиталот, како и се позачестените жалби на увозниците за бројните проблеми при увозот на авто-делови, индустриски машини и различни други производи кои се оданочуваат со високи даночни стапки.

Новоформираната Агенција, како што објасни аргентинската влада, ќе ги верификува цените и квантитетот на извезените и увезените стоки и услуги, заедно со приливот и одливот на странските валути, по што извештајот ќе биде поднесен до шефот на кабинетот на аргентинската претседателка, Хорхе Капитанич.

Во обраќањето за новинарите, Капитанич изјави дека ваквата иницијатива е преземена поради откривањето на преплаќањето на увозните и потценувањето на извозните производи, како и поради манипулација при трансферот на странски валути.

Аргентина во 2011 година воведе строга контрола на движењето на валутата со цел да спречи одлив на капиталот сличен на оној за време на катастрофалната економска криза во 2001 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП