22 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРА5 сигнали дека работата нема да биде добра

5 сигнали дека работата нема да биде добра

shutterstock_79903738-660x330

Иако кога барате работа најважно ви е да најдете работа, сепак важно е и таа работа да биде добра. Нормално дека секој има различни критериуми за добра работа, но ова се некои од сигналите дека мора да бидете внимателни.

На разговорот за работа ве прашуваат чудни прашања

Доколку на разговорот за работа ви поставуваат чудни прашања или користат непримерен речник, тоа е индикатор за стилот на управување и однесување во таа компанија. Исто така обратете внимание на однесувањето, дали лицето кое го води разговорот додека сте вие тука одговара не мејловите, се јавува на повиците или чита други биографии?

Никој не ви изгледа задоволен што работи таму

Не можете да му верувате на секого, но ако општитот став и мислењето се дека во оваа компанија луѓето се незадоволни и непрекинато си заминуваат па постојано примаат нови лица, бидете внимателни.

Слушате лоши работи за компанијата или вработените

Ако негативните работи и трачеви од компанијата излегуваат надвор и стануваат јавни, сигурно нешто во таа компанија не е добро.

Вашата позиција нема точен назив и опис на работата

Ако не знаат да ви кажат што точно ќе работите, бидете внимателни. Таквите ситуации често водат до тоа дека подоцна ќе бидете преоптеретени. Самиот назив на работното место не е универзален, затоа секогаш треба да прашате кои се вашите обврски и задолженија за подоцна да немате поголеми проблеми. Исто така, ако не знаат кога треба да започнете со работа, тоа е сигнал за узбуна.

Интуицијата ви кажува дека нешто не е добро

Ако интуицијата ви говори дека тоа не е работното место и работна околина за вас, добро размислете. Веројатно потсвесно сте приметиле некои ситници на кои свесно не сте им обрнале внимание.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП