10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПраво на регрес за годишен одмор (К-15)

Право на регрес за годишен одмор (К-15)

regres

Покрај правото на работникот на заработувачка – плата има право на надомест на трошоци поврзани со работата. (види повеќе во Врз кои трошоци работникот има право на надомест).

Согласно последните измени на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството од 31.12.2013 година предвидено е Регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40% од основицата.

Услов кој треба да се исполни за регресот за годишен одмор е работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач.

Со колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на работодавач може да се утврди регрес за годишен одмор во поголем износ од износот утврден со овој колективен договор.

Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на годината што значи до крајот на годината сите работници кои го исполнуваат условот за регрес на годишен одмор треба да им биде исплатен од страна на работодавачот, во спротивно се пропишани високи казни.

Износот на регресот се утврдува според основицата на платата која важи на денот на донесувањето на одлуката за исплата.

Сакаме да нагласиме дека регресот за годишен одмор е ПРАВО на работникот, а НЕ можност. Работодавецот треба да донесе одлука само за висината на регресот за годишен одмор,а не и за правото на овие надоместоци.

При состојба кога не е донесена одлука за висината работодавецот има обврска да ги исплати максималните износи предвидени со Колективниот договор на ниво на работодавец.

ИЗВОР: www.pravdiko.mk

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП