21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Нема договор за европскиот буџет“

„Нема договор за европскиот буџет“

evromoneyeu

Владите на земјите членки на ЕУ и Европскиот парламент не постигнаа согласност за договорот за буџетот за 2015 година, соопшти портпаролката на одборот за буџет на парламентот на ЕУ.

„Нема договор за европскиот буџет. Европската комисија ќе изнесе нов нацрт-буџет за 2015 година“, наведе портпаролот.

Крајниот рок за усогласување на нацртот беше понеделник 17. ноември, а преговорите на европските министри за финансии претходно во петокот беа прекинати поради несогласување околу некои точки.

Буџетот на ЕУ за 2015 година би требало да достигне околу 140 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП