25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБавен економски раст на Германија до крајот на годината

Бавен економски раст на Германија до крајот на годината

njemacka1522515222

Економијата на Германија, најголемата економија во Европа, ќе продолжи до крајот на годината да бележи бавен економски раст, покажуваат вчера објавените прогнози на германската централна банка Бундесбанк.

„Континуираното влошување на економските очекувања и стагнацијата на бројот на новите нарачки укажува на понатамошен забавен курс на економскиот развој на Германија барем до крајот на 2014 година“, се наведува во месечниот извештај на Бундесбанк.

Како што додаваат, никакво забележливо закрепнување во важните партнерски земји на еврозоната сеуште не е остварено поради зголемувањето на глобалните ризици, пренесува агенцијата Франс прес.

Од друга страна, германската економија, според проценките на Бундексбанк, би можела да има корист од слабеењето на еврото во однос на доларот, потоа падот на цената на нафтата и силната домашна потрошувачка.

Бруто домашниот производ (БДП) на Германија во третиот квартал порасна за скромни 0,1 проценти, по падот од 0,1 проценти во претходните три месеци, а за цела оваа година, официјален Берлин прогнозира раст од 1,2 проценти, додека двата економски водечки институти и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) прогнозираат раст од 1,3 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП