ПочетнаЕКОНОМИЈАПрезентација на најновите ИТ решенија на Неделата за јавен сектор

Презентација на најновите ИТ решенија на Неделата за јавен сектор

0071

Најновите ИТ решенија за јавниот сектор и решенија за владините служби ќе бидат презентирани за време на Неделата за јавниот сектор што ја организираат Министерството за информатичко општество и администрација и Мајкрософт Македонија.

На тркалезните маси и дискусиите ќе се разменат мислења и искуства и за сајбер безбедноста и дигиталниот криминал.

На отворањето ќе се обратат министерот за информатичко општество и адиминистрација Иво Ивановски и потпретседателот на Мајкрософт ЕМЕА за јавен сектор, Џо Макри.

Од страна на Мајкософт Македонија најавени се средби на Макри со претставници на македонската Влада на кои ќе биде понуден план за заедничко инвестирање во создавање на иновативен центар и потпишување на меморандум за реализација на програмите на Мајкрософт за поддршка на трансформацијата на образованието.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП