28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВремена забрана за увоз на живина од Холандија, Германија и Британија

Времена забрана за увоз на живина од Холандија, Германија и Британија

chiken

Агенцијата за храна и ветеринарство времено го забрани увозот на пратки од живина и производи од живинско месо, вклучително и јајца по потекло од Холандија, Германија и Велика Британија.

Ваквата одлука, како што информира Агенцијата за храна и ветеринарство, е донесена како превентивна мерка за заштита од пренесување на болеста птичји грип во Република Македонија.

– Во рамки на надзорот од досега анализираните примероци од угинати или заловени диви птици, живина држена во екстензивни и интензивни услови во изминатите години не е утврдено присуството на болеста во Република Македонија, а истата не е пријавена ниту во регионот, се наведува во соопштението од АХВ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП