26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКолку ќе чини новиот Smart?

Колку ќе чини новиот Smart?

for two

„Daimler“ ја објави препорачаната цена за новата генерација на моделите „Smart ForTwo“ и „Smart ForFour“, a најевтиниот двосед ќе чини 10.335 eвра.

Новиот „Smart“ беше претставен во јули, а саемска премиера имаше во Париз, на почетокот на октомври. Споменатата цена се однесува на моделот „ForTwo“ кој има трицилиндарски 1.0-литарски бензински атмосферски мотор со 61 ks (45 kW) и 91 Nm.

Производителот соопшти дека основната верзија на новиот „Smart“, меѓу останатото, е опремен со „LED“ дневни светла, централна брава со далечинско отклучување, темпомат, идикатор за надворешната температура со предупредување од можноста на појавување на мраз, патен компјутер, електрични прозори…

„Smart ForFour“ опремен со истиот мотор ќе има цена од 10.990 eвра, додека помоќниот модел со 0.9-литарски турбо-бензинец со три цилиндри, 90 ks (66 kW) и 135 Nm ќе чини од 12.450 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП