2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНова инвестиција на Прилепска пиварница

Нова инвестиција на Прилепска пиварница

prilepska-pivarnica

Прилепската пиварница инвестираше 7.5 милиони евра во нова линија за полнење пиво и газирани пијалаци во стаклена амбалажа, што претставува најголема инвестиција на оваа компанија во една година. Новата линија е во фаза на монтажа.

Новата инвестиција е линија за полнење пиво и газирани пијалаци во стаклена амбалажа, составена од 15 машини набавени од најпознатата компанија од ваков тип, Кронес од Германија. Ова е единствена од ваков тип опрема во Македонија.

– Оваа линија ни овозможува многу како пиварница. Станува збор за најголема инвестиција досега од постоењето на Прилепска пиварница направена во една година. Со новата линија се зголемуваат можностите на пиварницата, техничкиот капацитет скоро да се дуплира од веќе постоечкиот, а од друга страна се заштедува енергија и вода. Со оваа инвестиција пиварницата станува еколошки поефикасна, а ние како компанија и понатаму сме единствени по многу нешта во Македонија, изјави генералниот менаџер на Прилепска пиварница, Сашко Самарџиоски.

Нашата стратегија за развој, посочува Самарџиоски, се покажа како доста успешна последниве неколку години.

– За кус временски период имаме неколку значајни инвестиции во пиварницата, со што се искачуваме на самиот врв во однос на квалитетен производ, вели тој, додавајќи дека тука нема да застане развојот на портфолиото на Пиварницата.

Околу 30-тина милиони евра инвестирани последниве десетина години во Прилепска пиварница во опрема за филтрација и стабилизација на пиво или позната како бескиселгурна филтрација, опрема за обработка на вода, за одлежување, матурација и стабилизација на пивото, инвестиции во нови производи и друго.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП