23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се регистрираат одгледувалиштата и продавниците за домашни миленици

Ќе се регистрираат одгледувалиштата и продавниците за домашни миленици

milenicija 234

Ќе се регистрираат одгледувалиштата и прoдавниците за домашни миленици, најави денеска Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Како што информира диреторот Зоран Поповски на средба со новинарите, регистрацијата е во насока на воспоставување одговорно сопствеништво, а ќе почне во втората половина на идната година, по изготвување на соодветните правилници.

Огледувалиштата и продавниците ќе треба да поднесат барања за регистрација најдоцна до ноември 2015-та.

„Со предвидената регистрација согласно Законот за заштита и благосостојба на животните, ќе се подигне одговорноста и свесноста кај лицата кои чуваат миленичиња и ќе се намали бројот на кучињата скитници зашто ќе се санкционира секој што ќе го остави своето домашно милениче“, нагласи Поповски.

На домашните миленици ќе им бидат инсертирани микрочипови и тие ќе бидат регистрирани во официјалните ветеринарни друштва.

Казните за непочитување на законските обврски ќе се движат од 150 евра за физички лица, до 250 за одговорните и 500 евра за правните лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП