9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHSBC обвинета за измама и перење пари

HSBC обвинета за измама и перење пари

Fea0007571_19.JPG

Белгиските истражители ја обвинија денес швајцарската филијала на британската банка „HSBC“ за измама и перење повеќе стотици милиони евра.

Според тврдењето на истражителите, швајцарската филијала на „HSBC“  им овозможила помош на стотици клиенти за тие да ја измамат белгиската држава, поради што е обвинета за сериозна и организирана измама, перење пари, криминално здружување и незаконско делување како финансиски посредник, пренесува агенцијата Франс прес“.

„Споменатите обвиненија се стари неколку години и се однесуваат на управувањето со средствата на богатите клиенти, особено оние од Антверпен, град кој е меѓународна престолнина за трговија со дијаманти’“, се наведува во соопштението на истражителите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП