25 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMirai: Првата Toyota со погон на водород (фото)

Mirai: Првата Toyota со погон на водород (фото)

mirai

По бројните концептни возила и прототипови, „Toyota“ конечно претстави продукциска верзија на лимузина која за погон ќе користи водородни горливи ќелии. Моделот „Mirai“ во продажните салони во Јапонија ќе пристигне во април, додека купувачите во Европа и САД за овој автомобил ќе мораат да почекаат до летото 2015-та.

Јапонскиот производител очигледно верува во иднината на авто-индустријата во возилата на водород, па во склад со тоа, својот прв ваков модел го нарече – „Mirai“ („идина“ на јапонски).

„Mirai“ стилски не се разликува многу од прототипот „Toyota FCV“ кој беше претставен во јуни 2014-та. Станува збор за компактен седан, кој од класичните лимузини на јапонската компанија се разликува според необичниот дизајн.

mirai1

Се добива впечаток дека „Toyota“ намерно го обликувала „Mirai“ на овој начин, со цел возилото јасно да се издвојува од останатите модели на патиштата и да го привлече вниманието на сите дека станува збор за автомобил кој користи водород како гориво.

Нешто слично Јапонците направија и со моделот „Prius“, кога тој автомобил се појави на пазарот, при промовирањето на новиот концепт со хибриден погонски систем.

mirai2

„Toyota“ секако не очекува дека купувачите на првиот модел на водород ќе се определат за набавка на ова возило поради неговите естетски вредности, туку главно поради потребите да се разликува од другите.

„Mirai“ сигурно нема да биде честа слика на улиците, дури ниту во развиените земји, затоа што неговата цена ќе изнесува околу 50.000 евра.

mirai3

Сепак, ако се знае дека станува збор за модел со нулта емисија на штетни гасови (продуктот од согорување на водородот е водена пареа), оваа цена на многу пазари, како Калифорнија или земјите од западна Европа, ќе биде значително намалена благодарејќи на државните субвенции.

„Toyota“ смета дека во прилог на моделот „Mirai“ е и фактот дека со едно полнење на резервоарот, овој автомобил може да помине околу 480 km, што е сосема солидна автономија на движење за едно возило со нулта емисија.

mirai4

Предност е и тоа што за разлика од електричните автомобили, дополнувњето на гориво кај овој модел трае помалку од пет минути.

Од друга страна, хендикеп, барем на почетокот, ќе биде недоволната распространетост на станици за полнење. „Toyota“, како и другите производители на автомобили со погон на водород, смета на соработка со владите на државите и приватните компании, околу изработката на станици за полнење.

Засега е најавено дека во пет сојузни држави на североистокот на САД ќе бидат инсталирани 12 станици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП