19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКамерон: Светот е пред колапс

Камерон: Светот е пред колапс

199123525544a38824b078295277698_640x457

Дејвид Камерон оцени дека „опасната атмосфера на нестабилност и неизвесност“ во светот, како епидемијата на ебола, кризата во Украина и Сирија, и се заканува на глобалната економија.

„Во светската економија е вклучена црвената ламба, шест години по кризата која светот го фрли на колена“, наведе британскиот премиер во авторскиот текст објавен во британскиот весник „Гардијан“.

Камерон смета дека проблемите во светот претставуваат сериозна опасност и за економското закрепнување на Велика Британија.

„Не можеме целосно да се изолираме, но мораме да направиме се што можеме да го заштитиме својот економски раст“, додаде британскиот премиер.

Британската економија бележи задоволителни резултати. Стапката на невработеност се стабилизираше на шест проценти во последниот квартал заклучно со крајот на септември, што е најниското ниво од 2008 година.

Банката на Англија (BoE) предвидува силен раст на бруто домашниот производ (БДП) во Обединетото Кралство – 3,5 проценти во 2014 година, 2,9 проценти во 2015 година и 2,6 проценти во 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП